Updates from Кирил Барбареев Toggle Comment Threads | Кратенки за тастатура

  • Кирил Барбареев 19:13 on February 14, 2018 Permalink | Одговори  

    НЕМЕЗА, ДИНОСАУРУСИТЕ И МАКЕДОНИЈА 

    Проблемот на најголемиот број луѓе не е толку во нивното незнаење, колку во она што тие мислат дека го знаат а во суштина не е точно.“ (Џош Билингс)

    birds dinojpgНемеза, Немесис или Немесида   е ќерка на божицата на ноќта Никте и божицата на темнината Ереба, таа е божица на одмаздата и казнувањето по заслуга. Таа е персонификација на праведната борба, на борба против сè што го нарушува редот и рамнотежата во природата. Тоа е истата Немеза која го казнила и убавиот Нарцис. Таа ги менува судбините на луѓето и ги опоменува за умереност.

    Но, Немеза е и ѕвезда која има сериозна улога во научната теорија, особено во теоријата за изумирањето на диносаурусите. Оваа теорија зборува за Сонцето и Немеза како двојна ѕвезда. Објавена е во научното списание “Science” со напомена на авторот: „Доколку оваа ѕвезда  се открие, предлагаме да и се даде име Немеза, по божицата која ги прогонува оние кои се без мерка богати, горди и моќни“.

    Немеза е и книга за науката која на еден од најдобрите начини ја опишува уметноста на науката. Во 1979 г., Луј Алверез открил што ги убило диносаурусите. Иако бил јавно дисквалификуван и прогласуван за „лудак“, сепак тој е добитник на Нобеловата награда за физика.

    Asteroid-Apocalypse-NASA-2015Пред крајот на златното време на диносаурусите, еден астероид или комета со пречник од 8 километри (приближна големина на Монт Еверест) се насочил директно кон Земјата со брзина од околу 32 километри во секунда, што е 10 пати побрзо од најбрзите проектили. Астероидот удрил во земјата со таква сила што сè нагло се загреало до температури од преку милион Целзиусови степени, што е неколку стотици пати повеќе од температурата на површината на Сонцето. Астероидот направил (ако паднал во океан) водата да испари во моментот. Ослободената енергија била поголема од 100 милиони мегатони ТНТ, или 100 тератони, преку 10000 пати повеќе од целокупниот нуклеарен арсенал на САД и Русија.

    Се создала прашина која се раширила во целиот свет. Суштествата кои преживеале веројатно си мислеле дека ноќта стигнала прерано, и тоа ноќ без Месецот и ѕвездите. Диносаурусите не можеле да си ги видат ниту своите канџи. Утрото стигнало дури после неколку месеци.

    Скоро сите животни и растенија биле мртви. Тримесечен период на темнина и ладно било пресудно за исчезнувањето на сè од земјата. Чудо ако се одржал некој облик на живот. Во суштина, исчезнале скоро сите копнени животни потешки од 25 кг, веројатно тие биле најранливи заради високото место во ланецот на исхраната. Диносаурусите исчезнале засекогаш и на копното и во морето.

    Најблиските роднини на диносаурусите кои преживеале биле птиците.Сепак тоа се од оние карактери на суштества кои и кога тонат, тонат во височина. Диносаурусите сепак исчезнале достоинствено, не се согласиле да станат глувци, само за да јадат сирење.

    nemesis

    Advertisements
     
  • Кирил Барбареев 07:18 on February 6, 2018 Permalink | Одговори  

    „Ако видите високо, убаво израснето стебло, знајте дека тоа стои само затоа што на него не фрлиле око дрвосечачите“ (Кинеска поговорка)

    Citation
     
  • Кирил Барбареев 23:54 on February 4, 2018 Permalink | Одговори
    Tags: Пријателство   

    „Вистинското разбирање не е настан меѓу двајцата кои зборуваат, слушаат, гледаат. Разбирањето е случка што се збиднува само кога оној што гледа и слепиот; оној што слуша и глувиот; оној што зборува, и немиот – ќе се решат да си ги допрат рацете. Пријателството, љубовта, човечкото разбирање, секогаш се допир на две раце од кои во секоја го има токму она што го нема во другата, а што и’ е најпотребно.“

    Citation
     
  • Кирил Барбареев 19:29 on January 31, 2018 Permalink | Одговори  

    ТРОЈЦАТА БРАЌА , ТАТКОТО И ТАТКОВИНАТА 

    …„ Вие сте осудени да живеете во состојба на пропаѓање. Не на пропаст, затоа што пропаста е дефинитивна состојба и не на благосостојба, од која сте далеку, туку на пропаѓање. Постојано и постојано пропаѓање. Во истите дупки. На ист начин. Повторно и повторно. Упорно и тврдоглаво. Никогаш не извлекувате никакво искуство. Па мечка во циркус научува да вози велосипед…После две ракии ви светнуваат очите и почнувате да се прегарнувате, бакнувате и да му се заканувате на цел свет. Или не пијте или научете подобро да поднесувате алкохол…“

    диво месоtОва е дел од драмата „Диво Месо“ на Горан Стефановски напишана пред повеќе од триесет години. Вистинска слика на нашето општество претставена преку неколку ликови кои многу јасно и прецизно ја отсликуваат нашата вечна реалност. Драма која ја дијагностицира и објаснува состојбата на нашиот човек, нашето семејство, нашата средина, нашата татковина. Воопшто не е за чудење како идејата на драмата е актуелна континуирано  до денес.

    Тројцата браќа во драмата имаат различни погледи на светот. Едниот обземен од идеалот и надежта дека системот може да се сруши и промени на подобро, вториот обземен од страста за успех  и по секоја цена подготвен на сè па дури и да го понижи своето семејство и третиот кој ја загубил надежта и разочаран бара утеха во алкохолот. Родителите немоќни сведоци на губењето на куќата и пропаѓањето на семејството.

    a_sakam_mkМенталитетот на ова семејство е сликата на македонскиот менталитет денес. А, што е всушност менталитетот (лат: mens – „ум“, „нешто поврзано со духот“) – тоа се доминантните размислувања, душевните особини, склоности, судови и концепти на однесување на еден човек или на еден цел народ.

    Таткото: „…Сè ќе запустите. Не признавате ни ѓавол ни бог. Немате ред ни во главите, ни во телата. Сè на своја рака, со првиот ветар, како муви без глава. Мислите сè што лета се јаде. Европа ве бара! И се прди на Европа за вас…“

     

     
  • Кирил Барбареев 22:45 on January 9, 2018 Permalink | Одговори  

    ДЕЦАТА, РЕЛИГИЈАТА, ДРЖАВАТА, ОБРАЗОВАНИЕТО – КАДЕ Е МЕРКАТА? 

    Дали е можно религијата да се одвои целосно од државата? Дали треба религијата да не се споменува воопшто во текот на образованието и да биде целосно одвоена од развојот на човекот? Дали е во ред одвојување на државните и религиските институции во едно општество? Можно ли е тоа? Постојат ли истражувања кои покажуваат дека учењето на религијата навистина ја зголемува толеранцијата? Кои се тие содржини кои треба да се учат во училиштето?

    Според УНЕСКО во73  држави постои религиско образование како задолжителен предмет. Во 53 земји, во првите шест години од образованието во просек се учи 388 часови или околу 8% од вкупното време определено за учење. Во Саудиска Арабија е 31% од времето. Во Европа ситуацијата е следна: Полска 456 часови (10,3%); Норвешка 332 часови (8,7%); Австрија 380 часови (8,2%); Белгија (Француска заедница) 360 часови (6,9%); Финска 228 часови (6,1%); Данска 240 часови (5,6%); Велика Британија, Англија 243 часови (5%); Исланд 209 часови (5%); Грција 210 часови (4,8%); Романија 170 часови (4,3%); Литванија 143 часови (3,8%); Турција 144 часови  (3,3%); Словачка 59 часови (1,4%).

    Прашањето за религијата во образованието е поврзано со интерпретацијата на правото, дефинирањето на улогата на државата, јавните и приватните образовни институции и религиските организации. Клучниот елемент на недоразбирањата се случува во оној момент кога ќе почне да се интерпретира моментот на индоктринација, односно кога тоа е неприфатливо за верувањата, уверувањата и идеологиите на родителите.

    Ние сме од оние држави во кои правата на родителите за образованието на нивните деца  не се почитува. Ние припаѓаме на оние системи од социјалистички држави во кои родителите беа правно задолжени да ги воспитуваат и образуваат своите деца во училишта кои беа поставени на марксистичката идеологија. Пред втората светска војна, католичката црква во некои европски земји барала сите училишни предмети во сите училишта, па дури и математиката и природните науки, да бидат поврзани со католицизмот. Сличен пример има и во Иран во 1979 г., каде што целиот наставен план и програма морале да бидат исламизирани.

    ReligionПравото на родителите да ги образуваат своите деца во склад со своите лични религиски или филозофски уверувања е дадено безусловно во меѓународните документи од 1989 г., кога е усвоена Конвенцијата за правата на детето. Оттогаш, ова право е ограничено бидејќи Конвенцијата ги обврзува државите да почитуваат две различни работи: 1. „право на детето на слобода на мислење, совест и вероисповед“ (член 14.1) и 2. „право и должност на родителот да овозможи насочување на детето во исполнување на неговото или нејзиното право на начин кој е во согласност со  развојот на способностите на детето“ (член 14.2).

    Проблемот се појавува што Конвенцијата не дефинира што се подразбира под способност на децата. Одговорите на овој недостаток на Конвенцијата денес се бараат во невро-науките и расправата за постоење на духовна, емоционална и друга интелигенција.

    Дали треба да има религиско учење во училиштето? Според Советот на Европа „да“ треба да има. Во 1999 г., Советот на Европа во своите Препораки за религијата и демократијата посочува дека „Образованието е клучниот начин за борба против незнаењето и стереотипите. Училишните и универзитетски наставни планови и програми би требало да се ревидираат така што да се промовира подобро разбирање на различните религии. Потоа се препорачува:

    • Да се воспостави учење за религиите како низа на вредности кон кои младите луѓе мораат да развиваат различен пристап во рамките на своето образование,
    • Промовирање на учењето на компаративна историја на различни религии, со фокус на нивното потекло, сличност во некои вредности и разлика на нивните обичаи, традиција, празници, итн.,
    • Соработка со религиски образовни институции,
    • Избегнување на конфликти помеѓу државата која промовира образование на религиите и верата на семејството, со цел да се почитува слободната одлука на семејството за ова чувствително прашање.

    Оваа препорака им дава на творците на политиката референца по прашањето дали учењето на религиите би требало да се прави во училиштето или не.

    Но, одговорноста е во Министерството за образование или локалните училишни власти кои ги прават наставниот план и програми, ги подготвуваат наставните материјали и ги бираат наставниците. Тука треба да се бара мерката и културата на соработка помеѓу религиските заедници, училиштата, наставниците и локалните политичари.

    Во Италија, наставниците кои се задолжени да ги предаваат сите предмети, имаат право на „приговор на совеста“ што им дозволува да бидат изземени од обврската да предаваат католичка религија. Во Англија и Велс постои клаузула според која наставниците можат да одлучат ако е спротивно на нивното уверување да не предаваат религиско образование.

    Во САД, молитвата и побожното читање на Библијата се забранети во јавните школи, но учениците имаат право да се молат „на начин кој не ги вознемирува другите, согласно правилата во средината“. Учениците можат да ја читаат својата Библија или други религиски текстови, можат да се помолат пред оброкот, можат да разговараат и да ги убедуваат своите врсници за религиски теми, да учествуваат пред или после училиштето во настани со религиска содржина, и да го изразат своето мислење за религијата во форма на домашна задача, уметничка работа, и други писмени или усмени задачи.

    Особено е интересен и вреден придонесот на социјалните антрополози во Велика Британија кои компаративно гледаат на улогата и влијанието на педагогијата а посебно на „интерпретацискиот процес“ од страна на учениците и учителите во религиското образование.

    Но, остануваат клучните прашања:

    Зошто религиското образование и во земјите каде што е забрането во јавните училишта и во оние каде што е дозволено самото по себе не е доволно да го подигне нивото на „религиската неписменост“ на новите генерации, не влијае значително во намалување на стереотипите и предрасудите, не ги намалува фундаменталистичките идеи, не ја подига толерантноста во современите мултикултурни и мулти верски општества.

    Religion 2

    Извор:

    https://www.opensocietyfoundations.org/sites/default/files/y_bosnian_0.pdf

     
  • Кирил Барбареев 19:27 on December 27, 2017 Permalink | Одговори  

    ВОСПИТАНИЕ НА 432 Hz 

    432 Hz е чуден број. Некои сметаат дека е тоа природната фреквенција на универзумот и затоа е привлечна за секој слушател. Се тврди дека е тоа фреквенција која резонира со човековото срце, ја обновува ДНК, го подобрува духовното и ментално здравје. Дури постојат и такви тврдења дека музиката создадена на 432Hz ја стимулира десната хемисфера на мозокот, делот одговорен за најпосакуваните човечки особини: развој на фантазијата, изострени сетила, толкување на симболи, поимање на апстрактните поими итн.

    Но, денес доминира 440 Hz, откако Министерот за пропаганда, Џозеф Гебелс, се заложил за стандардизација на овој број во музиката и навистина така се случило. Леонард Хорович во својот труд со наслов „Култ за контрола на музиката“, напишал: „Музичката индустрија ја изведува и реализира оваа фреквенција која кај популацијата создава поголема агресија, психо-социјална агитација и емоционален стрес…“

    „Тие не маршираат затоа што се заедно, туку се заедно затоа што маршираат“

     
  • Кирил Барбареев 09:01 on December 16, 2017 Permalink | Одговори  

    Рита Пирсон, Rita Pierson

    Кога мојата мајка почина на 92 годишна возраст имаше толку многу нејзини ученици на погребот што ми дојдоа солзи, не, затоа што таа не напушти, туку затоа што остави зад себе врски/релации/контакти кои не можат да се поништат никогаш“.

    Една работа за која никогаш не зборуваме во образованието е вредноста и важноста на поврзаноста со луѓето, нашите релации. Целото учење е всушност разбирање на длабочината на релациите“.

     
  • Кирил Барбареев 20:30 on December 13, 2017 Permalink | Одговори  

    „ЧЕ ГЕВАРА, ПАУЛО ФРЕИРЕ И ПЕДАГОГИЈА НА РЕВОЛУЦИЈАТА“ 

    CheHighЕрнесто Рафаел Гевара де ла Серна (1928-1967) или доволно е само Че. Аргентинец со кубанска душа, кој го потрошил својот живот за светот да го направи подобар, поубав и поправеден. Со своите убедувања заминал и во смртта. Магазинот „Time“ го прогласил за една од 20-те најголеми и највлијателни луѓе. Прочуената фотографија на Че Гевара, била прогласена за најпозната фотографија во светот и симбол на дваесеттиот век од страна на академијата за уметности во Мериленд.

     

    Доброволна работа и добра волја“, фраза за која сметал дека треба да биде модел на кој ќе се заснова индивидуалното единство и единството на масата.

    225px-Paulo_FreireПауло Фреире (1921-1997) е бразилски педагог и еден од најзначајните теоретичари во воспитанието и образованието. Неговиот исклучителен придонес е во тоа што објаснува дека образованието не се темели на делување на една личност на останатите, туку на меѓусебна соработка и одговорност.

    Свест за praxis (пракса), педагогија на слободна творечка дејност. Педагошка активност која се темели на вредностите кои имаат цел унапредување на општеството и градење на социјалниот капитал.

    Че и Пауло имаат ист став за суштината на образованието и културата – „слободата не се состои во тоа да ги ослободиш луѓето од окови, туку колективно да ги подготвиш самите да се ослободат“.

    51ecpdPqGIL._SY344_BO1,204,203,200_Книгата на Питер МекларенЧе Гевара, Пауло Фреире и педагогија на револуцијата“ е обид за одбрана од деструктивната идеологија во која светот го турка во пропаст. На кој начин да се браниш од тоталитарните тенденции завиени во обландата на демократските процеси, на кој начин да се менува глобалниот поредок на неправдата и  да се трасира патот на општественото заздравување?

    Критичката педагогија е критика на конвенционалната педагогија за да започне и конечно да погледне дали нејзините претпоставки и тврдења се соодветни, дали е ова вистинското образование, дали не е време да сфати и да се  спротивстави, и евентуално да ја надмине оваа капиталистичка експанзионистичка динамика.

    Критичката (револуционерна) педагогија се обидува да се спротивстави на овој неолиберален свет во кој т.н. слободен пазар го растура јавниот сектор, приватизира инфраструктури, ги одредува социјалните потреби, го загадува воздухот, ги претвора водата и воздухот во профит, ги менува клучните педагошки пинципи, ги троши и претвора просветнита работници во профитна и потрошна сила, ги подготвува младите за одржување и служење на овој квази систем.

    Мекларен, всушност смета дека овие два брилијантни примери Че Гевара и Пауло Фреире, можат да им помогнат на образовните работници ширум целиот свет дека градинките, училиштата, факултетите, во кои работат можат да ги претворат во средишта на општествената правда и револуционерна пракса. Училиштето е родното место на новиот подобар свет на нашето општество. Училиштето треба да се изгради во „место за живот на младите“. Во тој контекст  ако само информацијата помине во знаење, а знаењето во спознавање и делување, може да се трансформира животот.

    Вистинската реформа не е поглед кон иднината, туку поглед кон себе.

     

     
  • Кирил Барбареев 20:50 on December 9, 2017 Permalink | Одговори  

    Сите ние сме во калта на животот само што некои гледаат во ѕвездите“ (Оскар Вајлд)

    oskar_vajld_pinkjeca_cool_v„Запознав културен човек но беше тетовиран. Запознав примитивен човек во одело. Запознав религиозни ама расипани. Сретнав атеисти кои не се расипани. Видов многу сила во мали луѓе. А, многу слабости во големи луѓе. Многу мудрости во обичните. А многу глупости во угледните. Видов сиромаси како даваат, а богаташи како земаат,  и сфатив, дека на животот не треба да гледаш онака како што те учат“.

    Во 60-те години од минатиот век се работело на сериозни експерименти и се дошло до заклучок дека медиумите не го отсликуваат животот, туку дека животот го отсликува она што е на медиумите.

    „Колку убиства сте виделе во животот?“ Најголемиот број ниту едно убиство.

    „А, колку пати дневно можете да видете сцени на убиства на ТВ?“ Најмалку сто дневно.

    Тогаш, дали тоа го отсликува животот?

    Не.

    Животот се создава со помош на слики и форми на мислите. Оној кој ги формира формите на мислите тој управува со животите на луѓето.

    Starac-na-klupi-600x400

     
  • Кирил Барбареев 00:51 on November 12, 2017 Permalink | Одговори  

    За тинејџерите денес, изгледа природно и интересно да имаат француско-германски учебник по историја“, вели Муниер. „Но мојата баба е ужасната од тоа.“

    Зошто Французите и Германците се првите кои иницирале проект за учебник по историја? Внимавајте добро на терминологијата, станува збор за француско-германски учебник по историја, а не – учебник за француско-германската историја.

    Зошто токму тие, а не Французите и Италијанците, Белгијанците и Холанѓаните, Шпанците и Португалците, Германците и Австријците?

    Има повеќе добри причини и одговорот не се наоѓа само во договорот за помирување, туку и во силата на богатството на сите нивоа во двете земји кое се случува со децении, но и уште во еден многу важен елемент, а тоа е во изградената доверба на најголемиот број граѓани од двете земји дека соседната земја е сојузник и земјата на која најмногу и веруваат.

    57583027Идејата за заеднички учебник започнува уште од првата половина на 20 век, иницијатори се професор од Универзитетот во Бон (Fritz Kern) и францускиот публицист (Jean de Pange), проектот се викал: „Учебник за француско-германските односи“. Проектот е прекинат заради војната. Но, во 1951 г., повторно се отвора ова прашање и трае се до денес.

    Повеќе од 70 години работа на институции од двете земји, наставници од средно образование и универзитетски професори работат на заеднички проекти, со напредни методи, педагошко искуство и создавање на кругови на француско-германски историчари. Таа култура на соработка имала цел давање простор на секоја земја да ја запознае историјата на соседната земја, како и системот на образование на историчарите.

    Учебникот е објавен во 2006 година. За прв пат во светот гимназијалци на две различни држави како и нивните професори по историја – ќе имаат на располагање, ДОКОЛКУ САКААТ, два учебника по историја со идентични содржини.

    Учебникот го подготвиле два тима на средношколски наставници по историја од двете земји.

    Двете земји дефинирале неколку цели и одлучиле:

    1. да подготват заеднички учебник со потполно идентични содржини во две верзии, значи, француско-германски учебник по историја, а не учебник за француско-германската историја;
    2. дека ќе се однесува за 1, 2 и 4 година гимназија за Франција и еквиваленција на напредните гимназии во Германија;
    3. дека треба да се стави акцент на европската историја;
    4. дека секое поглавје ќе има иста уредувачка и визуелна структура;
    5. дека ќе се ограничи просторот за авторските текстови;
    6. дека предност ќе се даде на изворите и документите кои овозможуваат самостојна работа на учениците;

    Спротивно на очекувањата, најголемите проблеми не биле поврзани со прашања на интерпретацијата, туку со ставовите за улогата на САД во развојот на Европа и светот после 1945 г., од една страна, и од друга страна  искуствата и ставовите за социјализмот.

    Француската страна  застапувала ставови за диференцираната улога на САД, земајќи ги предвид нивните интереси како интереси на големите сили, а германската страна инсистирала и барала да се стави акцент на благородната улога на САД во одбраната на слободата на Европа и светот, како и придонесот за Германија. Исто така, германската страна инсистирала да се нагласи социјалистичкиот блок како диктаторски и репресивен, додека француската страна нужно сметала и потсетувала дека комунистичката утопија во еден период била прифатена како алтернатива на капиталистичкиот и либералниот модел, и дека социјалистичките општества имале релативна автономија.

    Во Франција, историјата и географијата се структурално поврзани, во Германија историјата е поврзана со филозофијата и германистиката. Оттука, германската страна вниманието го става на поимите, термонологијата, концептот и теоријата.

    Во Франција, педагошката пракса става силен акцент на наставникот и пренесување на знаењето на ученикот, во Германија, на индивидуалната работа или работата во групи и дискусијата.

    Двете земји имаат и различен концепт на пишување на историјата. Во Германија историјата се наоѓа на високо научно ниво, се претставува како модел на универзитетска историја и има етичко-политички амбиции за внатрешна примена во државата (главната цел е соочување со нацизмот и тоталитаризмот, како и образование за либерална и парламентарна демократија). Додека пак концептот на пишување на историјата во Франција е поблиску до книжевноста и нарацијата, поголема важност се дава на сликата, татковината, на граѓанското воспитание во универзален контекст.

    Оттука, двете работни групи создале концепт на учебник кој е збогатен со документи од двете држави, од двата архива, од двата фонда…на секое поглавје е вметната по една страница која истовремено им овозможува на учениците да ја видат “француската и германската верзија на вистината“ и дополнителни информации (библиографија, филмови, романи, музеи, интернет страници и тн.).

    Сите се сложуваат дека колку и да е педагошки толку е и политички овој француско-германски историски проект. Проектот има длабока европска и транснационална димензија; спојува различни историски и педагошки наследства, сака да придонесе за визија на минатото која ќе премостува национални култури, но признавајќи ги нивните специфичности.

    Според информациите и бројот на учебници кои се користат, овој проект не сведочи за воодушевеност на наставниците по историја. Искуствата од двете земји покажуваат дека установите, кои го фаворизираат и користат учебникот како стандарден учебник се француско-германски гимназии и гимназии кои имаат европски паралелки, како и француски и германски гимназии во странство.

    Сепак, тие установи се многу малку. Образовните установи кои немаат француско-германско или европско одделение, како и најголемиот број наставници по историја, искажуваат голема претпазливост и внимателност кон  користење на овие учебници.

    Употребата на овој учебник е индивидуален избор на наставникот, и тоа како индиректен извор, а не главен учебник. Тој служи за збогатување на информации и документи во наставата, дополнување на „стандардните“ учебници, НО НЕ ДА ГИ ЗАМЕНАТ, НИТУ ДА БИДАТ НИВНА КОНКУРЕНЦИЈА. Во суштина, тие помагаат при учењето на јазикот на соседната земја.

    Ова не е пример или модел кој треба да следи, тоа не е универзален лек.

     

    The book has educational significance, but its psychological effect is at least as important, reported the German Department for Foreign Affairs: Young German and French students will learn about their own history as well as their common European history from the very same book.

    http://www.dw.com/en/joint-german-french-history-book-a-history-maker-itself/a-2078903

    (Книгата има образовно значење, нејзиниот психолошки ефект не е толку важен, објави германското Министерство за надворешни работи: младите германски и француски студенти ќе учат за својата историја, како и нивната заедничка европска историја од истата книга).

    How to present the information was not the only difficulty the book team faced — the information itself was also subject to contention. The authors didn’t try to hide the differences, said Geiss, but explained them instead.

    “For teenagers today, it seems natural and interesting to have a Franco-German history textbook,” Munier said. “But my grandmother is still horrified by it.”

    „За тинејџерите денес, изгледа природно и интересно да имаат француско-германски учебник по историја“, вели Муниер. „Но мојата баба е уште ужасната од тоа.“

     
c
Compose new post
j
Next post/Next comment
k
Previous post/Previous comment
r
Одговори
e
Уреди
o
Show/Hide comments
t
Go to top
l
Go to login
h
Show/Hide help
shift + esc
Откажи
%d bloggers like this: