КОНТРОЛА, СЕЛЕКЦИЈА И МАНИПУЛАЦИЈА ЗА УМРТВУВАЊЕ НА ЛУЃЕТО

Прогласен за највлијателен психолог на 20 век. Креатор на т.н. програмирана настава. Професор кој на своите предавања доаѓал заедно со своите гулаби, сакајќи да им покаже на своите студенти дека гулабите можат да прават колуг напред, да ги разликуваат сликите на Моне и Пикасо. Човек кој дури добил награда од 25 000 долари од Американската армија за идејата дека може да ги подготви гулабите да носат ракета и да ја погодат метата.

Беррес Федерик Скинер (1904-1990).

Познат по т.н. „Кутиите (Кафезите) на Скинер“, или радикалниот бихејвиоризам, според кој го застапувал тврдењето на инструменталното учење и утврдувањето на основните принципи на однесувањето на човекот.

Predictive-Programming-660x330Скинер тврдел дека однесувањето на човекот во целосност може да се објасни врз основа на околината и дека тука нема место за толкување на внатрешната состојба. Тој ги барал законите и правилата според кои околината делува на човекот. Организмот го набљудувал како „црна кутија“, „како неотворен организам“. За да се утврди законитоста на однесувањето нема потреба тој организам да се отвора.

Целокупното однесување на човекот е научено. Тие научени облици на однесување се флексибилни и можат да се менуваат и обликуваат со класично условување и инструментално учење. Организмот е активен заради некоја потреба, наученото однесување се користи како инструмент за задоволување на таа потреба. Сметал дека тоа што се случува и важи за глувците и гулабите, важи и за луѓето.

Наградата е повеќе ефикасна од казната.

Овие истражувања доминирале во психологијата и значително влијаеле на учењето и наставата. Во светлината на доминантниот образец С – Р (стимуланс – реакција) и бројните истражувања направени главно на животни (глувци и гулаби) во лабораториски услови, учењето е дефинирано како доаѓање до одговорот, т.е. механички процес во кој точните, посакуваните одговори автоматски се зацрвстуваат, а неуспешните одговори автоматски слабеат, со повратната информација од средината. Ученикот е пасивно суштество чиј репортоар на однесување зависи од тоа дали средината поединечното однесување го наградува или казнува. Наставникот е тој кој активно ја дава повратната информација, оној кој ги наградува точните и казнува погрешните одговори на ученикот. А цел на наставата е да го зголеми (или засили) бројот на точните однесувања на репортоарот на ученикот.

Клучните поими во овие експерименти се: контрола, селекција и манипулација. Денес тоа се случува во емисиите како што се: ФАРМА, ГОЛЕМИОТ БРАТ, НЕВОЗМОЖНИ МИСИИ…, Поентата е луѓето да се фатат и да бидат ставени во улога на глувци и со нив да управуваат нагоните. Тоа обично го прават хистерични, егзибиционистички и мазохистички структури на личности (луѓе кои се тепаат, навредуваат..), луѓе желни за ниска, евтина и брза слава, но и луѓе кои сакаат брзо да заработат. Сите овие емисии се еден патолошки облик на забава кои имаат за цел да ги изморат и истрошат луѓето од силата на вистинската критика. Според Чомски ваквите спектакли се всушност психолошка манипулација кои треба да ги умртват луѓето .

Но, примерот е посилен од кој било систем на воспитание, образование, обука или тренинг.  Тие  се само системи за стекнување на знаење, способности и социјални практики. Само примерот има сила да предизвика внатрешна промена, преобразба, просветлување. Само примерот го може она што не го може ниту една технологија на однесување и ниту една програмирана настава – да ги отвори очите за цел живот, да создаде нова етичка личност.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s