МРТВ ТРЕБА ДА ОТВОРИ СПЕЦИЈАЛИЗИРАН КАНАЛ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

Јужна Кореја е интересен пример. Колку и да изгледа некарактеристичен или непарадигматичен за Македонија, сепак тој во себе има елементи од кои ние би требало да научиме многу.

Земјите кои имаат силно конфучијанско влијание, имаат изградено култ кон образованието, култ кон семејството и култ кон работата. Вредноста е во личното усовршување кое се смета за карактерна вредност и на поединецот и на неговото семејство. Тоа се култури кои ги воздигнуваат наставниците и сите просветни работници, и тоа е професија со силен општествен статус. Квалитетното образование е апсолутен предуслов за успех и општествен статус. Оттука, започнува системот на вредности и општествено-економското уредување.

Korea Teacher

Во Јужна Кореја постои ТВ канал ЕБС, кој целосно е посветен на образованието и емитува содржини како дополнителна настава. Тој ТВ канал е основан во 1980 г., од страна на државната ТВ КБС со цел да воспитува и образува, но и со уште една голема мисија – да им се овозможи на семејствата да заштедат средства за образованието на своите млади. Станува збор за т.н. дополнителна настава, која е организирана од наставници и кои на интересен начин држат предавања. Тоа се интересни,  популарни ликови, кои децата од Јужна Кореја сакаат да ги следат. Популарноста на овие наставници оди до таму како што ја имаат пејачите, глумците, спортистите.

Феноменот е интересен и од една друга страна. Ова мотивирало многу наставници да основаат свои образовни веб-сајтови на кои ги организираат своите видео-предавања од предмети како што се корејски јазик, книжевност, математика, англиски јазик, но и стручни предмети од областа на природните и техничките науки и медицината. Денес некои наставници создале компании кои имаат годишен приход од 240 милиони долари.

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s