ЗОШТО РУСКИОТ И ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ БИЛЕ ПОДОБРИ ОД АМЕРИКАНСКИОТ СИСТЕМ?

Професорот Харолд Стивенсон од Универзитетот во Мичиген во делото „Образовна провалијаправи научна компарација помеѓу американскиот, тајванскиот, јапонскиот и кинескиот образовен систем. Во својата книга покажува универзални карактеристики на успешни образовни системи, а за американскиот систем вели: „учениците не се споредливи, курикулумите не се споредливи, училиштата не се споредливи, тестовите не се споредливи….“

Еден од основните заклучоци е дека американскиот образовен систем „трпи“ најмногу поради тоа што нема национални наставен план и програми. Доналд Хирш вели: после 1987 г., им стана кристално јасно на најголемиот број Британци дека образовните системи кои користат национални наставни програми и планови остваруваат многу подобри резултати од британскиот образовен систем. Дури кон крајот на 20 век Англија донесе национален план и програма, а од 2005 г., Америка работи на тоа поле.

Art-Stamp-Art-Russia-Sputnik-USSR-1967-Science-Fiction-32Оттука, не е чудно што рускиот образовен систем се одредува и класифицира како еден од најуспешните на светот во текот на 20 век. После Спутник (Сопатник) кој е шок за Америка, Американците ја истражувале тајната на успешната вселенска програма. Одговорот бил дека тајната се крие во образованието, а специјално во учењето математика преку методот на множества. (Сателитот и лансирачите беа развиени од бирото за дизајн на Сергеј Корлјов).

Што заклучиле американците?

Грешката била во американската исклучивост и локализам, кои сакале да се препознаваат и прикажат поинакви и поуспешни од останатите луѓе на светот. Американската исклучивост поаѓа од тоа дека ние како луѓе сме поинакви и подобри од останатите луѓе и дека нашите проблеми се специфични.  Тој стереотип силно се одразил на американското образование.

Тие анализи укажуваат дека Америка силно ја платила својата исклучивост и локализам, како и неподготвеноста да учи од другите.

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s