ВРИСОКОТ НА НАСТАВНИЦИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГО СЛУШНЕ

Има една анегдота за еден владика кој одамна не отишол во посета на едно село да служи утринска литургија. Кога стигнал, во црквата забележал дека нема никој, нема луѓе. Кога го прашал попот. Во што е работата? Попот му одговорил: „Дедо владика, има сто причини зошто е ваква ситуацијата. Владиката повторно прашал. Ајде, кажи барем една. Попот му рекол: прво, немаме камбана…..натаму нема потреба да набројувам.
Sad teacherОд крајот на минатиот век и почетокот на овој век се случија значајни реформи во системот на образование на наставници во нашата земја. Но, реално може да се констатира дека пристапот секогаш бил парцијален, секогаш се базирал на одредени решенија кои биле во насока на внатрешни краткорочни поместувања, скоро секогаш бил под политизација со компромиси и задоволувања на одредени парцијални гледишта и погледи, без долгорочни погледи и визија за тоа каков треба да биде наставникот во 21 век во Република Македонија. Затоа и сите засегнати страни не се задоволни од моменталните состојби со наставничката професија.
Основниот проблем кај нас е недоразбирањата помеѓу законодавецот и образовната пракса. Тоа се два различна света. Законодавецот нема јасни и транспарентни намери а струката нема јасни ставови. Постои само огромното искуство. Сто прашања се отворени: (1) Што и како се воведува? (2) Кој, зошто и како ?
Квалитетот на еден образовен систем не може да го надмине квалитетот на неговите наставници
Зошто некои реформи успеваат а другите не успеваат потврдува една голема студија. Искуствата на најдобрите училишни системи укажуваат на тоа дека три нешта се најважни. „Наставниците се важни“, извештај од 2005 г., подготвен од ОЕЦД заклучува дека квалитетот на наставникот е еден од најважните фактори кои влијаат врз успехот на ученикот и учењето. Овој извештај тврди дека, во текот на три години, учењето со висококвалитетен наставник, може да доведе до разлика од 53% проценти во постигањата на ученикот.
Најдобрите образовни системи се разликуваат од останатите поради 3 клучни работи.
1. Начинот на селекција на наставниците – како да се пронајдат и поддржат вистинските луѓе да станат наставници
2. Можноста тие наставници да држат најдобра настава и да даваат вистински насоки на децата
3. Создавање на систем за образование на наставници кои ќе ги препознаваат потребите на секое дете.

http://www.fakulteti.mk/news/17-04-06/rezultati_od_anketata_kembridzh_-_najloshata_programa_vo_izminatite_25_godini.aspx

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s