ПРВИТЕ ДЕНОВИ ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА

За најголемиот број деца првите денови или понекогаш и месеци во детската градинка претставуваат прво најсириозно одвојување од родителот, доаѓање и престојување во непознат простор и со непознати луѓе. Тоа е впечатокот кој го имаат децата во своите глави. И затоа тоа е стрес за децата, кој може да се манифестира преку различни форми на емоционални и физички реакции. Првото оддвојување од родителот, непознатиот простор, непознатите луѓе, можат да предизвикаат трауми и вознемиреност кај некои деца.

Првите денови детето може да протестира, да биде пасивно, несреќно, да плаче, да одбива контакт со стручните лица или целосно да биде „залепено“ до нив, цврсто да ја држи омилената играчка, да одбива да јаде или премалку да јаде, да не сака да спие, да се лути, да вреска, да биде агресивно….да сака да биде само… па дури и промена во извршувањето на физиолошките потреби.

Не постои формула со која може да се надминат овие ситуации кај сите деца и на ист начин, но затоа пак има неколку техники и стратегии од добрата пракса.

Родителот мора да има позитивен став кон установата, но и да остане доследен во редовното носење и земање на детето од градинка. Семејството треба да има доверба во воспитувачите, да престојуваат одреден период во градинката, редовно да го носат и земаат детето од градинка.Така детето ќе изгради доверба дека родителот го носи го градинка, детето престојува, родителот го зема и заминуваат дома. На овој принцип детето гради доверба во родителите, стекнува сигурност дека родителите се тука со него и ќе заминат дома, таму каде се чувствуваат најубаво.

Градинката мора да има план и програма за првите денови со оние деца кои се соочуваат со ваквите состојби.

Што ја отежнува работата?

  • несигурноста на родителот
  • родителот да заплаче при оставањето на детето во градинка
  • родители кои бараат дозвола од детето да заминат
  • не редовното носење и земање од градинка

Децата во своите однесувања покажуваат тенденција на копирање на чувствата на родителите. Детето кое чувствува дека родителот е несигурен и самото е несигурно.

За одреден временски период се надминуваат проблемите и се станува нормално.

Доколку програмите се спроведуваат правилно – даваат резултати, и тоа одлични резултати. Постои голема разлика помеѓу децата кои посетуваат и не посетуваат градинка и каде се реализира добра програма од страна на стручните лица.

 

 

 

 

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s