Духовни амблеми на културниот универзум. Изумители на глаголицата. Светци со титулата Еднакви со Апостолите. Прогласени за спиритуални патрони на целата Европа. Задачата  им беше најтешка: слепите да прогледаат, глувите да го чујат зборот на книгата и сите да проговорат на различни јазици.

„Имајќи ги пред нас ликот и делата на Светите Браќа Кирил и Методиј, што треба да сториме и ние за да ги разбереме пораките што светителите веќе 12 столетија ни ги испраќаат? Не ни треба ништо повеќе од тоа, освен да разбереме дека – без Бога и без вистина, дека без добрина и љубов, нема ни минато ни иднина, а уште потешко сегашност. Секој што се потпрел на краткотрајни вредности не отишол никаде и не стигнал далеку, ни во просторот, ни во времето. Ние, за среќа, по милоста божја, и како Македонска земја и народ, имаме личности и потврдени вредности на кои треба и мора да ги потпираме сите свои заложби, и духовни и национални, зашто одамна е речено, а од светителите и потврдено – дека без Бога не можеме ништо да правиме (Јн 15, 5)“.

Македонците  од Солун, Блажениот Кирил и Архиепископот Панонски Методија

Freska_na_Sv._Kiril_i_Metodij_od_Sv._Petka_Bešička

Браќата Кирил и Методиј, со епопејата на која ретко да и има рамна и меѓу најстраствените заложници на слободата на човечкиот дух, својот придонес го дадоа во борбата за слобода од заборавот и незнаењето. Оти, што друго толку сигурно го чува паметењето, како пишаниот збор, и го пренесува знаењето, како запишаната мудрост!?

Патријархот го запрашал: „Зошто да се поклонуваме на иконите, кога Бог му рекол на Мојсеј: Не прави …какви било ликови според себе“. На тоа Кирил одговорил: „Да рекол Бог не прави никакви ликови, тогаш ти би бил во право: ама Господ рекол: не прави какви било, т.е. освен достојни. На ова патријархот не можел да одговори и засрамено замолчил.

Човече, кажи ни како си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту римскиот папа“? А ние знаеме само три јазика на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејски, елински и латински“. Кирил на тоа им одговорил: „ Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за сите? Зарем не дишеме воздух сите подеднакво? Па тогаш, како не се срамите да признаете само три јазика, а за сите други народи сакате да бидат слепи и глуви? …

Св. Кирил беше и останува наша најголема света гордост пред другите и наша најсилна духовна тврдина пред оние кои го негираат нашето име, идентитет, јазик, култура, историја и се што е наше македонско. Иако гробот му е далеку од родната Македонија, тој е близу до се што е наше.

kiril-i-metodij